Камчев: Братот на судијката што ми определи притвор ми кажа дека ме следат

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Камчев го нарече „Рекет“ конструиран случај од двајца режисери, Јанева и Јовановски, пренесува МКД.мк

Орце Камчев знаел дека го прислушуваат, а за тоа вели дека добил информација од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор за „Империја“.

Камчев до детали зборува за тоа како била почната истрагата за „Империја“ и дека Димишков преку директорот на една банка побарал да се сретне со него.

На средбата, тврди Камчев, Димишков му кажал дека е под ПИ-мерки и дека за тоа треба да плати 100.000 евра и рече дека добил список на понуди за укинување на притвор, за прекин на постапките, како и цена што треба да ја плати за секоја мерка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега