Кузмановска до Владата: Не ве бива за ништо

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска. Таа кажа дека проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци е многу битен за граѓаните кој меѓу другото е почнат од ВМРО ДПМНЕ а кој сега од владата на СДСМ е стопиран.

Имено, Кузмановска истакна дека срамота е на сите обезбедени средства за проектот владата на СДСМ да го стопира овој проект кој претходно ветувала дека со сигурност ќе го оствари.

– Започнат е , изработени се сите проекти за инфраструктура , со ревизија за истите , изработени се сите основни проекти со сите фази за сите објекти на целокупниот систем со ревизија на истите изработени се геодетските елаборати, изработена е проценка на процесот на експропријација и т.н и ништо нема . И кога ќе каже колегата дека не ги бива за ништо колега вистина не ги бива за ништо, истакна Кузмановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега