Јанева не чувствувала вина - Утре судење за „Рекет"

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не се чувствува виновна. Нејзината одбрана за Сител вели дека таа ги информирала оти на почетокот на утрешното судење, нема да признае вина за случајот „Рекет“.

- „Јанева стои на ставот дека обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема докази дека го сторила кривичното дело за кое се гони, а тоа ќе го докажува во текот на судската постапка“, вели нејзиниот адвокат, Дељо Кадиев.

Јанева во судот ќе пристигне од домашен притвор, како и  Зоран Милевски – Кичеец, додека по викендот минат во болница, Боки 13 е вратен во Шутка.

Јовановски, Јанева и Кичеец се обвинети дека го рекетирале бизнисменот Орце Камчев кој исплатил еден и пол милион евра за специјалното обвинителство да му го укине притворот а подоцна и да му издаде времен пасош. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега