Дадилката која претепа дете во игротека пренесена во затворот во Шутка

Дадилката Живка П. која пред три дена од безбедносните камери во игротеката во склоп на кафулето „Дежаву“ во скопски Аеродром беше фатена како претепува двегодишно дете, е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако ѝ беше определен 30-дневен притвор. 

 Таа ќе одговара за кривично дело ‘запуштање и малтретирање на дете’ од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.

Настанот се случи во четвртокот кога кога сопственикот на игротеката „Дежаву“ пријавил дека околу 11 часот при проверка на безбедносните камери забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.

„Се испостави дека станува збор за негувателка која ги чува трите деца за 500 евра месечно. Мајката била на работа, а таткото во странство. Станува збор за 59 годишна негувателка која била ангажирана од семејството да се грижи за нивните три двегодишни деца“, изјави тогаш Зоран Василевски, ПР менаџер на игротеката.

 

Од Министерството за труд и социјала изјавија дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор во Агенцијата преку која била ангажирана дадилката .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега