Грујевски се заканил на маркирач од УБК: „Ќе те дигнам во воздух“

Сведокот кој денеска сведочеше за масовното нелегалното прислушување во УБК, потенцираше дека броевите кои требало да ги стави во системот за прислушување најчесто го добивал од началничката Надица Николиќ, и дека Горан Грујевски му се заканил дека треба да ги прима само броевите од него и од Николиќ.

-Имав ставено број од надредениот Небојша Стајковиќ. Кога ме праша Грујевски кој ми го дал бројот му го посочив Стајковиќ. Тогаш ми се закани: “ Ќе те дигнам во воздух ако ставиш број кој не сум ти го дал јас или Николиќ“, рече сведокот.

Следното рочиште е закажано за 12. декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега