Прегазен пешак на патот Свети Николе – Куманово: Со тешки повреди префрлен во болница

Во текот на вчерашниот ден автомобил со бугарски регистерски таблички удрил во пешак во Куманово.

„На 17.11.2019 во 17.30 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, патничко моторно возило „ауди“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Куманово, удрило во пешакот Д.Т.(51) од Куманово“ соопштуваат од МЦР.

Во незгодата, И.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега