Tаткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски - Боки 13, кој е во затвор за Рекет, e осуден на казна затвор од шест месеци за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев.

Миле Јовановски денеска не беше во судницата на изрекување на пресудата.

Тој беше обвинет за тоа дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

Вината ја призна на минатото рочиште.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега