Времениот пасош на камчев му истекува за 10 дена

На 8. ноември истекува  времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“.

По десет дена тој треба да го врати пасошот во Судот, кој го доби од Катица јанева пред шест месеци, која пак е во притвор за Рекет.

Откако јавноста го забележа Камчев на европското првенство во Келн, Германија, тајната беше откриена, односно обвинителката Јанева се правдаше дека му дала дозвола за времен пасош бидејќи требало да учествува, како што рече „на некој Управен одбор“, но не знаеше каде, пренесе Фокус.

Медиумите веќе пишуваа дека Камчев во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава. Се повлече од управувањето и стана малцински сопственик на Систина, а претходно се повлече од директорското место во Орка Холдинг.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега