Заев: Обвинителите нека истражат кој не местел во „Пуч" (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска по судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“, изјави дека Јавното Обвинителство по допрен глас треба да истражи кој го местел во „Пуч" заедно со останатите.

- „Ако немало допрен глас досега, нека допре мојот глас до нив. Во тоа време, наместо Јавното обвинителство да го истражи ваквото незаконско прислушување, кршење на човековите права, тоа Јавно обвинителство се стави во функција на политиката, која во тоа време ја водеше извршната власт под раководство на Никола Груевски, го формираше „Пуч“, за да можат мене, господинот Верушевски, мојата сопруга, господинот Бранко Палифров и двајцата други луѓе Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски", повика Заев.

 

ВИДЕО: А1.ОН

 

За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега