Шекеринска: 30 години партиите беа обединети за членството во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаше прес конференција на која ги истакна придобивките од членството во НАТО.

- „Денеска ми е задоволство што можам да честитaм за ратификацијата од страна на САД. Mожеме да потврдиме дека успешно ја реалзиравме една од двете најважни стратетшки цели, цел за која се зборуваше 30 години, а сега е на чекор до исполнување. Овој успех не падна од небо. Не го добивме на подоарок, туку го заслуживме и одработивме. Прва должнсот на секоја влада е да ја одржува својата земја безбедна. Пред две и пол години имавме изолирана држава, политичка криза, силна конфротација, НАТО и ЕУ беа мисловна именка, имавме критики од домашниот и меѓународни медиуми. Денеска сакам да ги одбележам оние успеси кои ги реализравме", рече министерката за одбрана.

Вели дека за разлика од периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, татковината е отворена кон светот.

- Во нашата земја дојде американски секретар и дојдоа германскиот, турскиот, романскиот, бугарски, албанскиот, словечкиот итн. Ова меѓународно внимание не беше возможно пред две години. Денес тие признаваат успех и напредок. Периодите на криза беа резултат на тоа што оваа земја немаше политичка визија ни лидерство. Не можете да ја одалечувате земјата од НАТО и ЕУ, а да очекувате раст на странски инвестиции. За разлика од ВМРО, ние како одговорна партија се сконцентриравме на раст, развој и интеграција. Нудиме политики кои служат на граѓаните и кои водат напред. Не ги лажеме нашите граѓани дека ќе уриваме тоа што граѓаните го сработија. Не собираме поени со ветување дека ќе ја вратиме земјата назад. Не нудиме враќање во историјата, туку перспектива за утре. Единствениот пат кој води натаму е пат со одговорни политики. Заедно со граѓанте на 12 април ќе потвридме дека државата е на правиот пат“, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега