Уживајте во сонцето додека го има - Следи пресврт со времето

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега