Реисот Реџепи даде одговор на ултиматиумот на Бузаку: „Нема место за „гејови“ во ИВЗ“

Наместо одговор околу поставениот ултиматиум на неговиот опонент за лидер на Исламската верска заедница Скендер Бузаку, за повлекување поради навдони финансиски малверзации Реисот Реџепи го искажа својот став дека за „гејови“ нема место во ИВЗ и мора да се избркаат надвор, пренесе Телма.

Тој не сакал да даде одговор што мислел со оваа изјава и зошто ја кажал. Наместо него, изјавата се обиде да ја ублажи и релативизира муфтијата Мухамер Вејсели, директор на агенцијата за Халал стандартди и член на ИВЗ кој кажа дека доколку има било какви сознанија или докази за криминал кој го инкриминира реисот, треба да ги достави во полицијата или обвинителството.

Бузаку пак без коментар околу изјавата на Реџепи.

Тој повтори дека утре ќе ги достави до обвинителството и полицијата сознанијата и доказите за криминал на Реџепи кои тој ги поседува но и дека ќе ја информира и јавноста бидејќи има морлана обврска да го стори тоа.

Апелација пак, на 10 септември ја уважила жалбата на реџепи околу изборот и упишувањето на Бузаку како нов поглавар на ИВЗ а предметот е повторно вратен на одлучување во скопскиот Основен суд 2. Бузаку вели дека не суште не го добил решението но верува во невазисноста на судовите кои според него ќе ја потврдат одлуката со која тој е избран за нов реис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега