Димитров на меѓународна конференција „Едно општество за сите и интеркултурализам“

Димитров денес оствари билатерална средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Заниер, кој денеска присуствуваше на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам“ како еден од главните говорници, а воедно оствари и повеќе билатерални средби со државнот врв како и со неколку градоначалници во Скопје.

Средбите беа во контекст на размена на мислења околу овозможување успешна имплементација на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, по нејзиниото освојување, како тема која е во центарот на мандатот на Амбасадорот Заниер.

На средбата, на која го придружуваше и Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Која, беа разменети мислења за активностите околу подготовката и идната примена на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни - државните институции но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.

Димитров ги поздрави ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодари на неговата поддршка на Стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување на едно општество за сите.

ВКНМ Заниер, ја реафирмираше поддршката за процесот како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на Стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање на интегрирано и функционално општество што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата.

Претходно, МНР Димитров имаше обраќање на Конференцијата „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“, која денес во организација на канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ се одржува во Скопје.

МНР Димитров констатираше дека „во изминатиот период, Северна Македонија покажа дека има капацитет да извезува стабилност но и добри вести во регионални и европски рамки– преку силната политичка посветеност, лидерство и храброст – за надминување на отворените прашања со соседите, но и за смело носење со домашната реформска агенда, а секако во насока на обезбедување на подобро утре на нашите граѓани. Стратегијата за едно општество и интеркултурализам е клучен чекор токму во таа насока. Унапредувањето на кохезивноста на нашето општество, заедништвото подеднакво отворено и достапно за сите чинители е секако еден од главните индикатори за успешната македонска приказна која се обидуваме да ја изградиме.”

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега