Каракачанов: На маса македонските политичари се добри Бугари но не и јавно

Тие мислат дека можат ем да влезат во ЕУ, ем да зачуваат својата антибугарска суштина и реторика. Тоа нема да се случи. Ова го изјави во утринската емисија на БТВ бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов за влезот на македонија во ЕУ.

- Добро ги познавам сите македонски политичари, со некои од нив сум пиел и ракија на маса. Македонските политичари на маса се добри Бугари, но јавно започнуваат да објаснуваат дека е многу сложено, изјави тој.

Каракачанов подготвил две варијанти за позицијата на Бугарија во однос на Македонија, што ќе ги претстави на следната седница на Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега