Американска амбасада: Обвинителството да ги гони одговорните, СЈО да работи и понатаму

Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.

-Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“ и додаваат дека важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за одговорност за минатите криминали и корупција.

– Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега