Македонската дијаспора се подготвува за бојкот на празнувањата на 8. Септември

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, пренесува МКД.мк.

Традиционално за 8. Септември Македонците тие присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн и велат дека оваа година дека ќе ја бојкотираат оваа церемонија ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име.

„Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

Тие потсетуваат дека откако е сменето името, претставниците на македонскиот конзулат во Мелебурн не побарале средба со Македонскиот совет. „Ние сме Македонци, нашиот идентитет е македонски и нашата татковина е Македонија“, пишува во соопштението.

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега