Акција во Тетово: Полицајци уапсија колега со дрога

Еден припадник на полицијата е уапсен попладнево откако при полициска акција кај него било пронајдено одредена количина забранети супстанции во Тетово.

Акцијата е спроведена од страна на тетовската полиција, а според извори на АЛСАТМ, при контролата полицаецот се обидел да избега, но набрзо бил фатен и претресен, по што се утврдило дека поседува наркотици.

Иницијалите на приведениот полицаец сѐ уште не се откриваат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега