Нападнати полицајци додека се обидувале да спречат тепачка во Тетово

 

Полицајци од Тетово наишле на тепачка, па кога ги спречувале и приведувале учесниците биле нападнати. Таткото на приведените подоцна продолжил со агресивното однесување и во полициската станица.

-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера 31 јули околу 15 чсот, во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристовски-Дрнц“ и „Штипска“ во Тетово, ги лишиле од слобода тетовците Ф.Б.(28) и Л.Б.(29) од една страна и 30-годишниот Б.Д. од Гајре. Тие претходно меѓусебно физички се пресметувале, а полицајците интервенирале, по што биле нападнати при обидите за приведување. Подоцна во полициската станица Тетово, дошил и таткото на Ф.Б и Л.Б, 53 годишниот Р.Б. кој продолжил со синовите со агресивно однесување и напад врз полициските службеници, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Четворицата се задржани за целосно расчистување и документирање на случајот. Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Инаку за навредување и омаловажување на овластено службено лице предвидена е глоба од 600 до 800 евра. Според член 383 од кривичниот законик, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста се добива кривична пријава која може да резултира со парична или казна затвор од 6 месеци до 5 години, во зависност од последиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега