Заев: Антиката ми е туѓа, не се сметам за потомок на Античките Македонци

 Премиерот Зоран Заев на говорница денеска во Собранието кажа дека Атниката му е туѓа и дека македонската нација помлада од другите.

-Зошто мислам дека сме млада нација, затоа што не се сметам за потомок на Античките Македонци. Односно Атниката за мене е дел од светската, европската историја и не мислам дека припаѓа само кај нас. Дефинитивно мислам дека сме помлада нација само затоа што сме помлади од многу други нации и на Балканот и во Светот и во Европа. Воден од тоа дека Антиката ми е туѓа, воден од тоа што сум го учел и експертите, ние сме нација која што влечи словенски корени, нација која што својата афирмација и целосно свое самоидентификување го доживува кон крајот на 18-тиот век во тие револуционерни борби, кога се загреваме против буквално  како нација со самообличување на нашиот македонски иденитет, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега