Бугарија се предомисли, нема да го номинира Камчев за почесен конзул

Бугарија се пишмани па нема да го номинира за свој почесен конзул бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот на СЈО „Империја“ и сведок во аферата „Рекет”. со рекетот, за почесен конзул во Македонија, пренесува Канал 5“.

Ваквата одлука, како што вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи се работи за граѓанин на Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата”, изјави Каракачанов.

Тој додава и дека со внимание ја следат аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.

„Такво нешто нема, кажувам најодговорно. Не сакам да навлегувам во детали, но кажувам дека Бугарија не учествува во тој внатрешно-политички проблем на Македонија. Каде се наоѓа во моментов господинот Камчев јас не знам. Но дефинитивно тој скандал предизвика реакција во Македонија”, вели Каракачанов.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега