Несреќа на патот Демир Капија-Неготино: Се преврте камион полн со мигранти - 4 лица тешко повредени

 

Тројца мигранти и возач на камион се здобиле со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа на патниот правец Демир Капија-Неготивно, информира МВР. Имено, вчера во околу 17:00 часот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано „Прждевски споменик“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 34 мигранти од Авганистан.

Возилото не застанало и продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело.

Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот Д.И.(24) од село Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди. На сите повредени им била укажана помош во околните болници. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега