Поведена постапка за две лица од Струга кај кои е пронајдена дрога

 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти Јавното обвинителство осомничените на на 18 јули годинава неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин.

-Дрогата ја ставиле во возило „форд ц  макс“  кое било управувано од  53-годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „фиат пунто“ се движел второосомничениот 31годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се  од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел  осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот  доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на фиат пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител, кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега