Заев му честиташе на Мицотакис преку телефон

 

Претседателот на Владата Зоран Заев имаше телефонски разговор со Киријакос Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на Грција.

 

 Премиерот Заев ја честиташе победата на парламентарните избори на господинот Мицотакис, при што посака просперитет и благосостојба на соседот Грција и на грчкиот народ. Двајцата премиери заеднички изразија надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нивната прва средба како премиери. Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

 

 Премиерот Заев во разговорот упати признание и честитки за успешните демократски избори во Грција, нагласувајќи дека со овие избори земјата уште еднаш покажува дека е водечка во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

 

 Премиерот Заев упатува во оваа прилика голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која беа поставени темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која заеднички се вложија да го решат спорот кој 27 години ги попречуваше билатералните односите меѓу нашите држави и народи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега