ТВ дуелот на Пендаровки и Силјановска презакажан за во четврток

Одложено е првото тв соочување од изборната кампања помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река, кое требаше да се случи утре на телевизија Телма, дознава „Фокус“

Како што дознава „Фокус“ соочувањето било одложено по барање на Силјановска и наместо утре ќе се одржи во четврток.

Кандидатката за претседател, инаку, изминатиов период постојано го повикуваше Пендаровски на тв дуел. Од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати му порачаа на Пендаровски да не бега од телевизиско соочување.

Остануваат до сега договорените дуели меѓу Силјановска и Пендаровски на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега