Нема веќе гледање во голите жени: Амстердам забранува туристички обиколки на улицата на Црвените фенери

Властите на Амстердам објавиле дека веќе нема да бидат дозволени организирани туристички обиколки на славната улица на Црвените фенери.

Амстердам како еден од најкголемите европски туристички дестинации и онака често пребукиран. Тесните улици на Црвените фенери едноставно не можат да примат толкав број на луѓе, особено не вом викендите навечер.

Де Вален, кој е официјалниот назил на улицата на Црвените фенери веќе со векови е наславната улица од тој тип во Европа.

Од денеска се забрануваат организирани туристички обиколки после 19 часот, а од 1 јануари 2020 година стапува на сила целосната забрана за посета.

Заменик градоначалникот Удо Кок вели дека групните променади на туристи покрај излозите зад кои се проститутките и другите сексуални работнички се полни со непочит.

„Не е во ред сексуалните работнички да се третираат како туристичка атркација“, рекол Кок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега