Од полноќ нова цена на горивата во Македонија

Денеска напладне, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Поминаа две недели од последната промена на цената, кога бензините поскапеа за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намали за половина денар.

Според објавената одлука, литар ЕУРОСПУЕР 95 се продава за 1,5 денари поскапо и чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапе за 1 денар, се точи по цена од 67,5 денари по литар.

Дизелот стана поевтин за половина денар и на бензинските пумпи низ Македонија се продава по цена од 60,5 денари по литар.

Останува да видиме дали не очекува уште едно поскапување во април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега