Ужас на сараевско игралиште - момче се спуштило низ тобоган, па останало без прст

Четиригодишно момче е тешко повредено пред неколку дена на игралиште во една населба во Сараево.

Момчето се спуштило низ стар тобоган, меѓутоа низ дотрајаните метални делови имало отвор, каде му се заглавила десната рака, па останал без малиот прст.

Со детето била и неговата мајка која повикала полиција, а момчето било заглавено се додека не дошле работници од комуналното претпријатие.

Таткото Јонуз Зорањиќ рекол дека прстото не можел да се спаси.

-Опериран е истиот ден, лекарите се обидувале да го прешијат прстот, но тоа, на крајот, било невозможно, бидејќи станува збор за тешка повреда. Се чувствувам ужасно, детето било преплашено кога видело дека нема прст. Тоа е срцепарателно“, рекол таткото.

Никој од родителите не забележал дека тобоганот има отвор.

Проблемот со лошото одржување на детските игралишта во Сараево трае со години. Сите биле на нозе кога во 2015 година конструкција од стар гол на игралиште убсмртила 12-годишно момче.

Тогаш биле донесени одредени одредби, кои на терен никој не ги почитува, па игралиштата и понатаму се запуштени и опасни за децата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега