Започна летното сметање на времето, а еве како тоа влијае на нашето здравје

Летното сметање на времето во Македонија започна вечерва во 2:00 часот по полноќ кога стрелките на часовникот се поместија за еден час, односно наместо 2:00 часот, часовникот треба да покажува 3:00 часот.

Промена на часовникот од зимско во летно сметање на времето за прв пат е забележана во 1916 година и од тогаш па наваму постојано се практикува во седумдесетина земји ширум светот.

Менувањето на часовникот од зимско во летно сметање на времето се прави со главна цел да би се заштедило на енергија. Сончевата светлина ја имаме до доцна во денот, односно се пролонгира завршувањето на денот и почетокот на утрото (кое се смета со изгревање на сонцето). Точно е дека ќе добиеме еден час повеќе, сонцето ќе излезе и ќе зајде еден час покасно, но затоа пак, недела наутро ќе спиеме помалку, а по инерција и деновите што следуваат.

Дали ова влијае на нашето здравје?

Порано сметале дека ваквата промена на времето неможе посебно да влијае на нашето здравје, но денеска истражувањата го потврдуваат спротивното. Многу научници ширум светот, меѓу кои е и германскиот хронолог Тил Роненберг сметаат дека менувањето на часовникот е исклучително штетно за организмот и дека треба што поскоро да се прекине со оваа штетна навика.

Со ваквото менување на времето Tил Роненберг нагласува дека се мешаме во природниот ритам на времето и како што вели тој „овој колективен договор за започнување на работното време еден час покасно или порано носи непроценлива штета за организамот”. Оваа промена на времето е штетна навика која тој ја докажал преку бројни експерименти. Промената на времето не влијае само субјективно врз луѓето туку влијае и на нивната плодност. Роненберг се залага во наредните години, оваа како што вели тој штетна навика, да се прекине насекаде во светот.

Германскиот научник нагласува дека на биолошкиот часовник кој се наоѓа во секој човек и оној часовник кој го имаме во социјалната средина им се потребни неколку недели, а можеби и повеќе да се синхронизираат.

Дали би се сменило нешто доколку престанеме со менување на времето?

Многу земји во Европа и во светот престанаа со постојаното менување на часовникот. Информациите укажуваат дека најверојатно и Македонија ќе престане понатаму да го менува постојаното сметање на времето од зимско во летно и обратно, што би било многу добро. Сепак, дали тоа навистина ќе се случи останува да видиме.

Зошто би било добро да престане оваа практика на промена на времето?

Како што веќе рековме, основната намена на промената на времето е да се заштеди енергија, значи по логика, во зима кога времето е ладно, имаме поголема потреба од енергија за греење, се стемнува порано луѓето си легнуваат порано и заштедува енергија. Ова теоретски звучи одлично, но размислете дали денеска во модерното време е така? Менувањето на зимско во летно сметање на времето и обратно станува се побанална работа, објаснуваат многу хронолози и истражувачи кои сметаат дека само го изложуваме здравјето на опасност а во пракса не добиваме ништо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега