Холивудскиот актер преживеа многу лоши работи во животот и се заколна дека нема да има семејство - вака изгледа денес

Канадскиот актер Кијану Ривс е ѕвезда на трилогијата „The Matrix". Како што поминува времето може да се забележи дека на лицето на актерот освен брадата ништо не се менува.

Кијану неколку пати од страна на таблоидите бил обвинуван дека имал пластични операции, но актерот никогаш не го направил тоа.

Тој вели дека користи само медитации со цел да го пронајде својот душевен мир.

Иако актерот имал тешки животни моменти, кога неговата девојка Џенифер Син го изгубила детето во 1999 година, после што се разделиле, приватните проблеми не го сопречиле на професионален план да блеска.

„Повеќето луѓе знаат за мене, но не ја знаат мојата приказна. Кога имав само три години, татко ми го напушти семејството. Страдам од дислексија поради што времето што го поминував на училиште ми беше болно, а образованието бавно“, изјави актерот.

Kijanu Rivs 2015. godine

Кога имал само 23 години, неговиот најдобар пријател се предозирал, што оставило голем белег врз актерот.

Тој успеал некако да се оттргне од лошите мисли и да тргне кон подобро кога се сретнал со актерката Џенифер Сими, но наместо среќа и радост, се случила несреќа кога Џенифер родила мртва ќерка. Само неколку недели по трагичниот настан, тие се разделиле.

Во 2001 година Џенифер загина во сообраќајна несреќа, а пред смртта се лекуваше од депресија. Ја поврзуваа со Мерилин Менсон, кој ѝ продавал кокаин, и поради сето тоа Кијану Ривс не сака сериозна врска и дете.

A згора на сè, неговата помлада сестра Ким имаше 14 години кога ѝ беше дијагностицирана леукемија.

Можеби поради сето тоа што му се случило, овој актер живее скромен живот. Тој не носи брендирана облека, се вози во метро, ​​а се случува и да пие пиво со бездомниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега