Откриен полот на бебето на Меган и Хари, а се шпекулира дека одбрале и како ќе се вика

Со месеци светските медиуми се обидуваат да влезат во трага на името кое ќе биде избрано за детето на принцот Хари и Меган Маркл. Според пишувањата, на врвот на листата на имиња за најновото кралско бебе е Викторија.

Британските медиуми пишуваат дека очите на целиот свет се вперени во кралската двојка, а се погласни се гласините околу тоа кое име ќе му го дадат на своето прво дете.

„The Hollywood Gossip“, пишува дека Викторија е веќе името кое го договориле Меган и Хари. Ова име стана сè понагласено откако во јавноста сè повеќе се шпекулираше дека Меган носи девојче.

Особено ваквите гласини се раширија по забавите одржани во Њујорк, на кои кај Меган биле забележани нежни бои како белата и розевата.

Името Викторија го носела и британската кралица која во Велика Британија владеела во периодот од 1837 година до 1876 година.

Од Кенсингтонската палата сеуште не се огласиле по повод ова прашање, како ни за тоа кое име ќе го носи идниот кралски член.

 Сепак без оглед на тоа колку им се допаѓа некое име, за тоа да стане официјално, мора да добијат одобрение од самата кралица Елизабета Втора.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега