Кирацовски најави четири ТВ дуели на Силјановска и Пендарвски- познат распоредот

Александар Кирацовски, предводникот на изборниот штаб на владиниот кандидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, синоќа во студиото на 1ТВ откри дека се договорени четири дуели со конкурентот од редовите на опозицијата Гордана Силјановска Давкова за време на кампањата пред да се одржат изборите на 21 април, односно на 7 мај.

- Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизискји дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат - рече Кирацовски, кој остави простор и за уште една телевизиска пресметка на 1ТВ.

Генералниот секретар на СДСМ рече дека тоа ќе бидат најдомократски избори од аспект на телевизиските соочувања, бидејќи како што вели тој, досега немало толкав број на дебати пред избори, додека неговиот пандан од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев му возврати дека тоа би било добро доколку „Пендаровски не одлучи да избега на некое од нив“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега