Заев и владина делегација во Прилеп: Имаме понуда од инвеститори за трајно решение, за фабриката да продолжи да работи

Претседателот на Владата Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“.

Состанокот меѓу делегацијата на Владата на РМ и претставниците на „Еурокомпозит“ се одржа во конструктивна атмосфера и со единствена цел да се разгледаат предлозите за трајно решение на деценискиот проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови.

На средбата беше истакната заедничката цел да продолжи производството, да се обезбеди ново производство, и да биде платен трудот на вработените.

На вработените им беа презентирани понудите од потенцијални инвеститори, а посебно внимание беше посветено на една од нив која има најповолни елементи. Се работи за инвеститор  кој работи во областа  на наменската индустрија сосема соодветна на профилот на „Еурокомпозит“, со што се отвора можност за решение во рамки на законите, кое ќе овозможи фабриката да продолжи да работи на задоволство на вработените.

На средбата меѓу владината делегација и претставниците на „Еурокомпозит“, заеднички е договорено да се разгледаат сите аспекти на решението и во следните 15 дена да се донесе заедничка одлука од интерес на вработените и за економскиот развој на регионот и на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега