ФОТО: Ова Бојан, возачот на автобусот кој удри во српската водителка - момчето во голем шок после несреќата

Деа Ѓурѓевиќ, водителка на утринската програма на телевизија „Пинк“, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Вождовац. Водителката пред несреќата имала мала сообраќајна незгода, кога во нејзиниот автомобил удрил друг автомобил. Во моментот кога излегла од автомобилот за да ја утврди материјалната штета, на неа налетал автобус и ја удрил. Освен што ѝ ја откинал раката од силниот удар Деа удрила и во ѕид од болница, Таа била веднаш оперирана, а раката ѝ е прешиена и операцијата е успешна.

Од „Банбус“ за „Еспресо“ велат дека возачот веќе бил на сослушување во полиција и дека таму раскажал се.

Како што пишува Еспресо, возачот на автобусот го возел возилото кое во еден момент се излизгало и удрило во водителката, која на тротоарот преговарала после лесниот удар.

Од „Банбус“ велат дека момчето веќе било на сослушување, каде кажал дека автобусот се излизгал и дека тоа не можело да се контролира, а за момчето имаат само пофални зборови.

-Бојан е прекрасно момче. Слушнавме дека е многу потресен, не сакавме дополнително да му се јавуваме и да го вознемируваме, можеме да замислиме како му е сега. Сите надредени од нашето претпримеништво отидоа во болница да дознаат како е Деа. Ја познаваме Деа и ѝ жал ни е поради се и се надеваме дека ќе закрепне брзо - рекол Бранислав Ковачевич сопственик на претприемништвото „Банбус“ д.о.о.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега