Митревски: Бев оставен како на „стрелба“ во вториот дел, дуелот со Исланд е како финале

Најдобар поединец во нашиот состав на вчерашниот натпревар против Шпанија беше голманот Никола Митревски.

Дуелот со европскиот првак го заврши со 13 одбрани, а 11 во првиот дел и тоа со одличен почеток.

По дуелот Митревски изјави:

-„Почнавме добро и добро се носевме со европскиот првак дури и водевме. Шпанија беше немоќна на нашиот напад „7 на 6“, но, имавме пак нереализирани шанси. Навистина не знам што се случи на почетокот на вториот дел кога противникот  со три контри се одлепи резултатски. Потоа во игра влегоа и помладите, но нивниот ангажман како да не беше на висината и јас бев едноставно оставен како на „стрелба“. Како и да е за дуелот со Исланд е како финале“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега