Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник само со потпис на Џафери

Законот за употреба на јазиците и Законот за ратифиакцијата на договорот од Преспа објавени се во Службен весник само со потписот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдија од Службен весник за ТВ 24. Детали соопштуваат за утре. Талат Џафери исто така на својот Фејсбук профил објави дека Законот за јазиците потпишан е објавен во Службен весник.

Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година.

Овој закон до негово официјализирање чекаше една година, бидејќи претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише. 

Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега