Снегот го затрупа Маврово - граѓаните заробени без храна и вода

Снегот кој денеска без престан вее го затрупа Маврово, па жителите со лопати во рацете сами го чистат. Велат останале без вода и храна. Не можат да појдат до продавница, ниту до Ски Центарот, бидејќи локалните патишта не се исчистени, дознава 1ТВ.

Жителите се жалат дека им Општината и ЈП Македонија пат, молчат, ги нема нигде. Директорот на Македонија Пат Гајур Кадриу за 1ТВ вели дека главниот пат во Маврово е исчистен, но дека екипите кои се на терен имаат потешкотии при чистењето на снегот, поради интензивните врнежи и снежната покривка која е над еден метар и дваесет самтиметир.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија. Во овие делови на земјата снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и повеќе од 20 сантиметри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега