ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со расчистување на снегот во Скопје
Со 60 работници и механизација на терен ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците.
Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје информираат дека се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија.
Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците.
Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол, се наведува во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа