ФОТО: Завеани патишта и намалена видливост - снег насекаде во Македонија, ова е состојбата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат скоро на целата територија на државата.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод преку планинскиот премин „Барбарос“, како и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан и  Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Од 15.10ч на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски поради свлечиште сообраќајот е во целосен прекин.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега