Важни обичаи за Бадник - утре направете го ова

Бадник името го добил по гранка од даб - бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.

Можеби во некои зафрлени делови на Србија, домаќините се уште во рана зора и со пушки одат да сечат бадник, кој потоа до вечерта го чуваат покрај куќата, пред да го внесат и стават на огништето. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2019 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега