Гореа куќи во Битола и Тетово

Две куќи се запалиле во текот на вчерашниот ден.

Вчера околу 10 часот во СВР Битола било пријавено дека истиот ден околу 08.00 часот избувнал пожар во куќа на улицата Благојче Силјановски, сопственост на В.В.Ф. Пожарот е изгаснат од Територијална против пожарна единица од Битола, а увид е извршен од страна на СВР Битола.

Вториот пожар бил во тетовското село Голема Речица и бил пријавен околу 01.00 часот. Пожарот избувнал во куќата на 27-годишниот Л.З.

Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единицаТетово, а увид извршила екипа од СВР-Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега