МВР набавило 240.000 пасоши на кои пишува Република Македонија

Иако власта најави дека до 15-ти јануари се очекува изгласување на уставните измени, со што ќе дојде до промена на името на државата, а и до промена на личните документи на граѓаните, голем број нови бланко обрасци за македонски пасоши чекаат на царина. Според информациите до кои дојде Алфа телевизија, 240.000 обрасци во моментов се во редовна царинска постапка.

-Во моментов на царина има поголема количина на бланко обрасци за патни исправи и во тек е редовна царинска постапка. Воедно ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи располага со доволно обрасци за патни исправи и нема застој во издавањето на истите, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР дале објаснување дека сепак е потребно да помине долго време за да дојде до промена на официјалните податоци на личните документи како што налага Спогодбата од Преспа.

- Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега