Ја зашил дрогата во долната облека - македонските цариници го фатија
Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатува во Македонија на 05.12.2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот.
Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.
Ценејќи дека и натаму постојат причините заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерката притвор, јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на мерката притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа