Миленко Неделковски во јануари на Суд - му се закануваат пет години затвор

Новинарот и водител, Миленко Неделковски, на 17 јануари 2019 година првпат ќе седне на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет. 

Обвинетиот како јавна личност – новинар, на неговиот јавен профил на „Фејсбук“, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше човечки жртви. Неделковски, според обвинението, со коментарот промовирал омраза кон Грците како етничка група, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар, пренесе Макфакс.

За ова кривично дело, во Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Ќе му суди судијата Марин Станевски, кој го суди случајот со смртта на малата Тамара.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега