Мајка монструм: Во хотелска соба ги задавила двете бебиња близнаци

Полицијата во Калифорнија ја уапсила 37--годишната Хедер Ленгон поради сомнение дека своите синови близнаци стари 10 месеци, ги задавила во четвртокот во мотел во централна Калифорнија. Само ден пред тоа полицијата ѝ помогнала на Хедер да се смести во истиот тој хотел. бидејќи таа претходно, поради проблематично однесување, е исфрлена од прифатилиштетот за жени.

Телата на малите момчиња се пронајдени во четвртокот во 07:45 чќасот утрината. Првата екипа полицијата која дошла веднаш повикала помош за реанимација на бебињата. Тие биле однесени во болница, но набрзо биле прогласени за мртви.

После кратко испитиување, полицијата ја уапсила мајката, а инспекторите уште не го идентификувале таткото. Ленгдон е задржана во затвор без право на кауција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега