ФОТО: Израсна скриена од јавноста - британската принцеза е вистинска копија на својата тетка

Дваесет и седумгодишната Кити Спенсер беше една од официјално поканетите гости на кралската венчавка на Меган Маркл и принцот Хари, а од тој момент успеа да привлече уште поголемо внимание во јавноста.

Кити на кралската венчавка го воодушеви светот со својата елеганција и стил. Но, таа веќе неколку години активно се занимава со манекенство, а своите успеси ги должи на убавината, а не на познатото семејство (ќерка е на помалиот брат на Дијана, Чарлс Спенсер).

Убавата русокоса красела многубројни магазини за живот и стил, работела на луксузни кампањи и носела скапоцени креации што ги потпишуваат светски модни дизајнери.

Како манекенка, Кити Спенсер веќе има соработувано со италијанскиот бренд „Долче и Габан“, што и ја прослави на некој начин, а нејзин последен голем успех е соработката со „Булгари“. Кити ќе биде амбасадор на брендот, а колку и е важен овој бизнис успех, открила во интервју:

– Неверојатна чест е да се добие можност да се работи со еден од најпознатите италијански брендови за накит во светот. „Булгари“ отсекогаш бил синоним за креативност, наследство, убавина и гламур, заради што сум многу возбудена што станав дел од нивното семејство – рекла Кити за британското издание на „Харперс базар“.

 
 
 
View this post on Instagram

How was this amazing day 2 years ago already?! Wish I could rewind time to the Melbourne Cup aka best trip ever 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer) on Nov 7, 2017 at 2:42am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега