Хан: Сите земји членки на ЕУ и соседите од Западен Балкан да го поддржат владеењето на правото

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер го искоментира случајот со бегството на македонскиот екс премиер Никола Груевски.

„Силно владеење на правото е еден од основните критериуми за интеграција во ЕУ. По повеќегодишно назадување, Македонија постигнува добар напредок во оваа област, вклучително и во кривичното право. Сите земји членки на ЕУ + соседите од Западниот Балкан треба да го поддржат овој процес. Ова е прашање на европската кредибилност!“ напиша Хан на Твитер.

 

 

 

16.11.2018 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега