Заев: Очекувам Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Во врска со илегалното заминување на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, премиерот Заев кажа дека отворена е двојна истрага под раководство на Јавното обвинителство за организиран криминал за сите елементи за бегството на Грувски.

„МВР кога ќе заврши истрагата ќе ги обелодени сите информации.

Едно е јасно, дека Груевски заминал со дипломатска кола на Унгарија. Унгарија е наш пријател и очекуваме Унгарија да го покаже пријателството со тоа што ќе екстрадираат груевски.

Истрагата на МВР треба да утврди како избегал. Ние ќе направиме се господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија“, кажа пшремиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за медиумите.

„Јавно поставувам прашање дали доброволно ја напуштил Македонија или можеби бил киднапиран? Очекувам Груевски и Унгарија да дадат одговори. После одговорот на ова прашања следуваат сериозни други прашања кои имаат дебела суштина. Нема да се откажеме до крај заради тоа што тоа им го должиме на нашите граѓани“, кажа Заев

 

 

 

 

16.11.2018 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега