Родителите испаничени: Се појави шуга во основно училиште во општина Карпош

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга, а родителите вознемирени обвинуваат дека ова се случува втор пат, поради негрижа на училиштето, дознава Курир.

-Утрово на децата им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома. Причината која им била наведена е дека во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, туку си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нви стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Шуга, два пати во 2018-та година. Поради неразјаснети причини, класните раководители од неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и нив ги испратиле дома, дознава КУРИР.

Неофицијално, шуга е откриена и потврдена кај едно дете од второ одделение, а постои сомневање дека се заразени и други деца.

Во март годинава, две деца од истото основно училиште имаа шуга, а после реакциите во медиумите мерки за решавање на случајот преземаа општина Карпош и МОН.

 

 

 

 

16.11.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега