Џафери: Не верувам дека Груевски ќе добие азил

Не верувам дека Унгарија, како земја на Европската Унија, ќе му даде азил на поранешниот премиер Никола Груевски, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за Алсат-М.

- Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, а за да учествува во овие заедници, се проценува дека одлуките треба да ги превзема според европските вредности и јас не верувам дека унгарскиот народ ќе прифати да се стави еден црн печат на неговата судбина и неговиот статус како европско заедница со давање политички азил на Никола Груевски - рече Џафери.

Тој додаде дека не може да не му се дава плата на Груевски како пратеник во Собранието, но ќе му се намалува како што минува времето.

- Во моментов, Никола Груевски има мандат за пратеник, и се додека го има мандатот нема правна пречка за запирање на платата, бидејќи платата е определена од статусот на пратеникот. Но, ако не се појави најмалку 3 сесии, платата ќе се намали за 15 отсто и можеме да го направиме токму тоа, како што е предвидено со законот - кажа Џафери.

 

 

 

16.11.2018 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега