Пронајдени 50 килограми марихуана во близина на Граничниот премин Ќафасан

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.

 

На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

12.11.2018 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега